153
Речиси половина Премиер лига во новата сезона ќе игра во европските натпреварувања, по вчерашниот триумф на Кристал Палас во Конференциската лига, јасно е кои каде ќе играат.
Синоќешната победа на Кристал Палас против Рајо Ваљекано значеше и дека Англија ќе има девет екипи во Европа во новата сезона.
Кристал Палас со тој триумф си обезбеди место во Лига Европа за следната сезона иако во Премиер лигата заврши на 15. место.
Во Лигата на шампионите ќе играат пет екипи, Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Астон Вила.
Во Лига Европа ќе настапуваат Борнмут, Сандерленд и Кристал Палас, а Брајтон ќе се натпреварува во Конференциската лига.