Англија со 5-0 победи на гостувањето кај Летонија и теоретски го завери пласманот на Светското првенство, малку фалеше тоа да го направи и Португалија, но Собослаи даде гол во 91. минута и Унгарија одигра 2-2.
Англичаните со стил се пласираа на Мундијалот и тоа на две кола до крајот. Во денешниот триумф над Летонија, Кејн даде два гола, по еднаш погодија Гордон и Езе, а еден погодок беше автогол на Летонците.
Португалија со победа над Унгарија требаше да го направи истото, но ги спречи Собослаи кој даде гол во 91. минута за 2-2.
Кристијано Роналдо ги даде двата гола за Португалија.
Србија со 3-1 победи на гостувањето во Андора. Домаќините со гол од центар поведоа со 1-0, но брзо си дадоа автогол за 1-1.
Во вториот дел Влаховиќ погоди за комплетен пресврт, а Митровиќ од пенал ги постави конечните 3-1 за Србите.
Италија со 3-0 го победи Израел, два гола даде Ретеги, еден Манчини.
Шпанија со 4-0 ја совлада Бугарија. Мерино даде два гола, еден Ојарзабал, еден беше автогол на Бугарите.
Убедлива беше и Турција која со 4-1 ја совлада Грузија, Ирска со 1-0 славеше над Ерменија.