Англија на чекор до неверојатен успех: Ќе има шест клубови во Лигата на шампиони

by bojan
1 минути читање

По синоќешните победи на Тотнем и Манчестер јунајтед, Англија е на чекор до неверојатен успех и првата земја која ќе има шест клубови во Лигата на шампиони.

Тотнем со 3-1 го доби првиот меч против Бодо/Глимт, додека пак Манчестер јунајтед со 0-3 славеше на гостувањето кај Атлетик Билбао, па огромни се шансите да има англиско финале во Лига Европа.

Ова ќе значи неверојатен успех за најсилното првенство на „островото“ и Англија ќе стане првата земја која ќе има шест клубови во Лигата на шампиони.

Новиот формат на Лигата на шампиони нуди квалификација преку три начина: Местата за настап во Лигата на шампиони доделени на секоја земја, едно екстра место доделено на земјата преку УЕФА коефицентот и преку триумф во Лига Европа.

Оваа сезона, Англија е една од земјите кои добиваат екстра место преку УЕФА коефицентот, па тоа значи дека Премиерлигата ќе има најмалку пет учесника во Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа дека Тотнем и Манчестер јунајтед се далеку од топ 5 пласман, ако се пласираат во финале на Лига Европа, победникот ќе донесе и шесто место во најелитното европско натпреварување.

Во моментов, сигурно се само позициите на Ливерпул и Арсенал, а за преостанатите три места, во последните четири кола жестока битка ќе водат Њукасл, Манчестер Сити, Челси, Нотингем Форест и Астон Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани