Премиерлигата вчера
го имаше својот ре-старт со мечевите Астон Вила – Шефилд јунајтед и Манчестер
Сити – Арсенал. Стадионите беа затворени, исто и пабовите, па фудбалските
фанови пред своите мали екрани ги следеа натпреварите.
Тие очигледно не
биле „гладни“ само за фудбал, се барала пица плус, и во пикот имало и до 1.300
нарачки во минута.
Ова го открија од
најголемиот сервис за испорака на храна „Џаст ит“, каде биле побарани неверојатни 76.000 нарачки.
Првиот пик бил во
19:15, односно веднаш по стартот на дуелот помеѓу Астон Вила и Шефилд јунајтед,
за на полувремето да имало 33% зголемена побараувачка од Бирмингем и околината.
Слично било и на
полувремето од дуелот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, кога имало пораст на
побарувачката за 15%.
Најмногу се
нарачувало пица, потоа кинеска храна и индиска храна. Во топ 5 уште се нашле и
пилешко и донер.