Андреа Конти објави фудбалска пензија на 31 година!

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот дефанзивец Андреа Конти официјално стави крај на својата фудбалска кариера на само 31 година. Конти блескаше во дресот на Аталанта во сезоната 2016/17, кога како десен бек постигна дури осум голови во Серија А – учинок кој му донесе трансфер вреден 24 милиони евра во Милан.

Меѓутоа, неговиот развој беше драстично попречен од серија тешки повреди на лигаментите, поради кои никогаш не успеа да се врати на нивото што го прикажа во Бергамо.

И покрај големиот потенцијал, кариерата на Конти беше обележана со борби за повраток и рехабилитации, а сега дефинитивно реши да се повлече од професионалниот фудбал.

Последен клуб во кариерата му беше Сампдорија за која одигра само неколку натпревари, а играше уште за Парма, Виртус Ланчано и Перуџа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани