Анчелоти: Уморен сум од приказните за заминување на Вини

by 24 фудбал
1 минути читање

Одново се актуелизираше темата за трансфер на Винициус Жуниор во Саудиска Арабија.

Дали има вистина во тоа или станува збор за медиумски приказни прашан беше Карло Анчелоти. Италијанецот беше дециден дека Винициус е среќен.

Дали сум уморен од приказната? Да. Дали сум загрижен? Не. Го гледам Винициус среќен во Реал и ние сме среќни со него. Немам што повеќе да додадам што не сум го кажал претходно. Тоа е тема за која се зборува надвор, но не и во клубот. Вини има огромна желба и се докажува. Мислам дека ќе продолжи да игра добро бидејќи влезе во добра физичка форма. Не знам дали добил понуда или се предомислик. Можам да ви кажам само за тоа што го гледам, а тоа е среќен фудбалер кој сака да направи добро и да се впише во клупската историја“, изјави Анчелоти.

Реал викендов меѓу двата натпревари со Манчестер Сити во Лигата на шампионите игра против Осасуна во Ла Лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани