Реал Мадрид оваа сезона се соочува со една од најтешките кадровски кризи во последните години. Повредите станаа секојдневие во соблекувалната на „кралевите“, па тренерот Карло Анчелоти мораше постојано да прави ротации и да импровизира со тимот.
Иако тимот се држи во игра за трофеите во Ла Лига и Купот на Кралот, елиминацијата од Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите ја намали еуфоријата и го отвори прашањето – што можеше да биде, доколку Реал имаше комплетен состав?
Според податоци објавени од навивачката страница „Madrid Xtra“, само четири фудбалери од целиот ростер на Реал останале целосно здрави низ целата натпреварувачка година – што претставува загрижувачки податок за клуб со ваков калибар. Во тој „неповреден“ квартет се наоѓаат:
- Раул Асенсио (22 години)
- Арда Ѓулер (20 години)
- Ендрик (18 години)
- Лука Модриќ (39 години)
Додека младите играчи покажуваат физичка отпорност, искусниот Модриќ уште еднаш потврдува зошто е вистински лидер, не само на теренот, туку и со својата кондициска подготвеност.