Анчелоти сепак ќе биде селектор на Бразил, паднал договор!

by riste
1 минути читање

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Карло Анчелоти и Бразил се договориле италијанскиот стратег да стане селектор на оваа земја.

Пред некој ден информацијата беше дека преговорите пропаднале и дека Анчелоти нема да биде селектор на Бразил, но во меѓувреме работите се променија.

Преговорите се обновија и тоа вроди со плод, двете страни си подале рака.

Анчелоти ќе го преземе кормилото на Бразил откако ќе заврши сезоната во Ла Лига. Тој нема да го води Реал Мадрид на Светското клупско првенство.

Како и да е, додека информацијата не биде и официјално потврдена, се може да се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани