Анчелоти проговори за гласините кои го поврзуваат Винисиус со Саудиска Арабија

by riste
1 минути читање

Карло Анчелоти вели дека не е загрижен поради најавите дека Винисиус би можел да го напушти Реал Мадрид и да замина во Саудиска Арабија.

Реал Мадрид е во преговори со Винисиус за продолжување на договорот, но во меѓувреме Саудијците инсистираат на негов ангажман и агресивни се во својата намера.

„Прашањата за Саудијците и Вини не се за мене. Тој е среќен и сака да создава историја со Реал Мадрид. Тоа е она што јас го гледам“, вели Анчелоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани