Реал Мадрид ќе се судри со Манчестер Сити во реванш дуелот од првата плеј-оф фаза во Лигата на шампионите.
Со гол предност од „Етихад“ се вратија „кралевите“ во Мадрид и се чекор поблизу до осминафиналето од противникот. Пеп Гвардиола даде интересна изјава во која кажа дека шансите на Сити им се помали од 1%, меѓутоа Карло Анчелоти смета дека тој блефира.
„Ќе се обидеме да го повториме перформансот од Манчестер. Ова е интересен двомеч, па мора да дадеме се од себе во следните најмалку 90 минути. Одигравме три тешки натпревари, а во нив немавме само позитивни резултати. Тимот работи добро, а тоа ми дава самодоверба и позитивен дух. Ќе продолжиме на добар пат, треба да го покажеме квалитетот.
Пеп кажа дека имаат само 1% шанса да победат, ама не мисли така. Ќе го прашам пак пред мечот дали смета дека немаат шанси“, изјави Анчелоти.
Реал важи за фаворит пред домашната публика, меѓутоа јасно е дека и Сити ќе има што да каже.