Реал Мадрид вторпат загуби од Арсенал, овојпат на „Сантијаго Бернабеу“ со 1-2 и беше елиминиран во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти го коментираше натпреварот. Веднаш почна да се шпекулира дека тој ќе добие отказ, па на прес-конференцијата доби и такво прашање.
„Денот кога ќе заврши моето време во Реал Мадрид, ќе направам едно нешто: Ќе им се заблагодарам на сите. Дали ќе го завршам договорот предвреме или не, истото ќе го направам. Дали би променил нешто за овој двомеч ако можам да се вратам назад? Не. Не би менувал ништо. Не размислувам за оставка. Некои луѓе мислат дека јас сум единствениот виновник, но не се грижам за нив. Мора да ги држиме главите горе, бевме добри во Лигата на шампионите. Направивме се што можеме, можеби ни фалеше малку тимски дух. Никој не е непобедлив“, изјави Анчелоти.
Европа ќе добие нов владетел, бидејќи Реал Мадрид беше бранител на трофејот од минатата сезона.