Карло Анчелоти не сакаше да навлегува многу во детали за својата иднина, само рече дека никогаш нема да се расправа со Реал Мадрид и знае точно што прави.
Во последните денови различни се шпекулациите за иднината на Карло Анчелоти, но официјална потврда нема од никаде.
Новинарите денеска му поставуваа прашања на Анчелоти на оваа тема, но тој не сакаше да одговара.
„Многу добро знам што правам, што планирам да направам и што ќе направам. Но денеска нема да зборувам за мојата иднина“, вели Анчелоти.
„Не можам да ви кажам што ќе се случи, но никогаш не сум имал проблеми со Реал Мадрид и никогаш нема да се борам против клубот“.
„Моето збогување, кога и да се случи 2025, 2026, 2030… ќе биде фантастично бидејќи јас го сакам клубот и клубот ме сака мене“.