Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека на 25. мај ќе каже повеќе за својата иднина.
Изминативе денови имаше многу гласини за иднината на Карло Анчелоти, прво се говореше дека стратегот се сложил да стане новиот селектор на Бразил, за потоа во пет до дванаесет да пропадне зделката.
Саудиска Арабија беше посочена како нова дестинација, за да се обноват преговорите со Бразил и повторно да се пишува дека искусниот стратег ќе стане предводник на „кралевите“.
Самиот Карло Анчелоти одбива да каже каква ќе биде неговата иднина, но затоа го откри датумот кој ќе биде клучен.
„Една работа да биде јасна. Имам огромна поврзаност со клубот, играчите и навивачите, и навистина ги почитувам. За мојата иднина ќе зборувам на 25. мај“ – порача Италијанецот.
Карло Анчелоти очигледно нема да ги откри плановите се до крајот на сезоната, односно 25. мај е денот кога се игра последното коло во Ла Лига.