Анчелоти дебитираше за Бразил! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Бразил не блескаше на првиот натпревар под палката на Карло Анчелоти, одигра само 0-0 на гостувањето кај Еквадор и не беше подобар противник од домаќинот.

Карло Анчелоти и официјално ја почна својата прва селекторска авантура, првиот меч не помина најдобро.

Бразилците одиграа без голови во Еквадор, имаа помал посед на топка од домаќинот и повеќе од двојно помалку шутеви.

Следниот меч на Бразил е за пет дена кога на домашен терен ќе го пречекаат Парагвај.

Парагвајците вчера со 2-0 ја победија селекцијата на Уругвај.

Аргентина со гол на Хулиан Алварез уште во 16. минута со 1-0 славеше на гостувањето кај Чиле.

Фото: X/Conmebol

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани