29 годишниот
напаѓач Џошуа Кинг се враќа во Премиерлигата откако во последниот ден од
јануарскиот преоден рок потпиша за Евертон, а со тоа го напушти составот на
Борнмут кој ланската сезона се пресели во понизок ранг, односно Чемпионшип
дивизијата.
Кинг се
приклучува на Евертон по договорот кој го склучија обата клуба за овој трансфер
кој изнесува 5 милиони фунти, а за неговите услуги постоеше голем интерес од
Фулам и Саутемптон, меѓутоа самиот Кинг ја донел финалната одлука околу тој
избор.
Борнмут сигурно
има за што да жали во случајот со Кинг, од причина што ланското лето одби
понуда од Манчестер јунајтед вредна 20 милиони фунти, а се доведе до таква
ситуација да на крајот биде и среќен со петте милиони фунти од Евертон бидејќи
договорот на фудбалерот истекуваше на лето.