Еден Азар е обврзан кон Реал Мадрид до јуни 2024 година, се верува дека „кралевите“ сакаат летоска да се разделат со фудбалерот од Белгија, но играчот планира во целост да го одработи договорот.
Самиот Еден Азар призна дека и следната сезона се гледа во белиот дрес, но се пожали дека не разговара со Карло Анчелоти и сака поголема минутажа.
Италијанецот попладнево се појави на средба со новинарите и рече дека има голема почит кон Еден Азар, но не може да му даде повеќе минути поради големата конкуренција и одличната форма на Винисиус Жуниор.
„Не е дека нашиот однос е заладен, точно е дека не разговараме многу, но тоа е поради нашите карактери. Најважно е тоа што тој ме почитува мене и ја го ценам и почитувам него“ – вели Карло Анчелоти.
„Не игра поради тоа што на неговата позиција има голема конкуренција и еден фудбалер кој дава голем допринос а тоа е Винисиус Жуниор“.
„Не знам дали тој ќе биде тука следната сезона, на располагање ќе ги имам фудбалерите кои клубот ќе ми ги обезбеди“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.