Карло Анчелоти на почетокот од сезоната реши да покаже доверба во квалитетите на Феде Валверде па порача дека ќе ја искине тренерската лиценца и ќе оди во пензија доколку Уругваецот не постигне барем 10 гола оваа сезона.
Фудбалерот од средниот ред веќе стигна до бројката од 6 погодока и се чини само прашање на време е кога ќе ја помине границата која ја постави Италијанецот.
„Немам други облози освен тој со Валверде. Не ми е јасно како можe да располага со таков шут а да постигне само еден гол и тоа преку контра. Сега има многу поголема самодоверба и сосема нормално е тоа што постигнува погодоци. Би рекол дека техниката на шутирање му е речиси добра како онаа на Марко Асенсио“ – рече Карло Анчелоти на денешната средба со новинарите.
„Нема да има нов облог, нема да го зголемам облогот бидејќи сигурен сум дека ќе ме победи и тогаш“.
„Феде Валверде е навистина добро момче па среќен сум со игрите кои ги прикажува“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.