195
Веќе нема дилеми, Касемиро наскоро ќе стане фудбалер на Манчестер јунајтед.
„Зборував со Касемиро. Тој сака да проба нов предизвик. Ние ја разбираме неговата одлука. Преговорите се во тек, но тој одлучи да го напушти Реал Мадрид“, вели Анчелоти.
„Касемиро нема да игра во сабота. Замена? Го потпишавме Чуамени и тој е еден од најдобрите на пазарот. Потоа ги имаме Крос и Камавинга“.
„Вчера сфатив дека ова со Касемиро е реална работа, но моите планови не се менуваат. Ги имаме Модриќ, Крос, Чуамени, Себаљос, Феде Валверде, Камавинга… шест фудбалер од средниот ред се доволни за оваа сезона. Тие се многу, многу добри“.