177
Реал Мадрид одигра само 1-1 против Џирона, а многу прав се крена за досудениот пенал за гостите.
„Не сакам да го коментирам судењето, но сега ќе го направам тоа. Првата ситуација е сосема јасна, не е пенал бидејќи топката не ја допира раката. Разговарав со Асенсио и тој вели дека топката го удрила во гради. Точно е дека левата рака е малку во чудна положба. Ако топката ја допре раката, може да постои сомнеж, но тој едноставно немал контакт. Измислија пенал против нас. Пеналот дојде во важен момент од натпреварот и многу не чинеше. По оваа ситуација имаме два бода помалку на табелата“, вели Анчелоти.
Топката го удри Аенсио прво во градите, а потоа во раката. Проценете сами дали е пенал: