Анчелоти: Одговорноста за поразот е само моја!

by
1 минути читање

Синоќа заврши победничката серија на Реал Мадрид во Ла Лига, по пет победи едноподруго, синоќа загубија на Ванда Метрополитано со 3-1.

По овој пораз кралскиот клуб падна на третата позиција со бод помалку од Барселона и Жирона.

„Не го почнавме добро мечот, не се браневме добро. Брзо Атлетико дојде до 2-0 и потоа го одиграа мечот како што сакаа. Не беше проблем нашиот систем на игра, туку проблем беше кревкоста на одбраната и фактот дека не бевме компактни. Противникот тоа знаеше да го искористи. Кога тимот не го прави тоа што треба, единствена вина и одговорност е само кај мене, кај никој друг“, рече Анчелоти по мечот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани