Поради незадоволството од малата минутажа, се појавија гласини дека Лука Модриќ би можел да го напушти Реал Мадрид во јануари, но Анчелоти ја отфрли можноста за такво нешто.
„Нема шанса Лука да си замине во јануари. Тој не сака да си оди и ние сме среќни поради тоа“, вели Анчелоти.
„Тој мисли дека е важен играч, и ние го мислиме истото, Лука е многу важен фудбалер за нас“.
„Модриќ не е среќен за минутажата која ја добива, тоа е очигледно, но јас разговарам со него секој ден, тој се уште е екстра мотивиран“.
„Никој не е како него во соблекувалната, тој е лидер. Неговата важност е клучна за Реал Мадри“.
„Го сакам многу, сите го сакаме Лука“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.