Белингем е клучното засилување за Реал Мадрид ова лето, барем досега, доколку во тимот не пристигне Мбапе. Анчелоти сака да му го најде местото од кое тимот би имал најголема полза од него и поради тоа е подготвен да ја промени формацијата.
Доколку не ангажира напаѓач, Реал Мадрид во наредната сезона ќе игра без класична деветка, туку со двајца напаѓачи. Крилните играчи Винисиус и Родриго ќе се поместат кон централниот дел од нападот.
„АС“ и графички ја прикажа формација 4-3-1-2. Во неа во нападот ги стави Родриго и Винисиус, позади е Белингем. Во средниот ред се младите Камавинга, Валверде и Чуамени, а нападот го сочинуваат Карвахал, Милитао, Алаба и Фран Гарсија. На голот не Куртоа.
Со ова весникот предвидува и помала минутажа во наредната сезона за Тони Крос и Лука Модриќ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.