Анчелоти излезе со информација за повредата на Камавинга која ги загрижи фановите (ФОТО)

by
1 минути читање

Камавинга беше еден од тројцата играчи на Реал Мадрид кои беа стартери против Хетафе, а го играа и мечот против Манчестер Сити.

Во финишот од мечот младиот Французин доби удар и мораше да биде заменет поради повреда. Веднаш на неговото колено беше ставен мраз, а имаше и интервенција од лекарите.

Карло Анчелоти по мечот изјави дека се работи за силен удар, но нема некое позначајно оштетување, па се очекува Камавинга да биде во составот за реваншот со Манчестер Сити.

„Тоа е само удар, што му создава мала непријатност. Но утре ќе одмори, во понеделник ќе се појави на тренинг и се ќе биде добро. Тој има само 20 години и брзо ќе се опорави“, рече Анчелоти.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×