Карим Бензема ова
лето реши да го напушти „Бернабеу“ откако доби богата понуда од Саудиска
Арабија и му отвори работа на Реал Мадрид на трансфер пазарот.
Како што
пренесува Кадена СЕР, Карло Анчелоти сакал да биде ангажиран Хари Кејн за да се
пополни дупката во нападот.
Но претседателот
Флорентино Перез имал други планови и го ветил Килијан Мбапе кога дознал дека
постои можност да го купи Французинот.
Раководството на
Реал Мадрид верува дека може да постигне договор за трансфер на Килијан Мбапе во
следните десетина дена, односно пред почетокот на новата сезона во Ла Лига.
Спротивно на
ваквите оптимистички планови, има и црни сценарија, односно Реал да биде
приморан да бара други алтернативи.
Кадена СЕР додава
дека Душан Влаховиќ од Јувентус е планот Б доколку „кралевите“ не успеат да го
купат Килијан Мбапе.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.