На почетокот од
оваа недела, новиот сопственик на Милан, Гери Кардинале му врачи отказ на Паоло
Малдини, одлука која ги изненади навивачите, но и добар дел од фудбалерите.
Во разговор со Ил
Џорнале, Карло Анчелоти го критикуваше овој потег, смета дека Гери Кардинале не
покажал почит кон историјата на „росонерите“ и го предупреди дека таквите како
него се осудени на пропаст.
„Во Мадрид,
научив дека секогаш мора да имате почит кон историјата“ – вели Дон Карло.
„Тука, Ди
Стефано, Амансио, Хенто и Пушкаш се ексклузивни вредности кои и ден денес се почитуваат.
Она што му се случи на Малдини е доказ за немање на почит кон историјата и
традицијата. Точно е дека историјата не ви носи победи, но историјата ве учи
како да победувате“.
„Фудбалските
клубови кои приоритет му даваат на бизнисот а не на спортскиот аспект се
осудени на пропаст“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.