За вчерашниот натпревар со Алемрија, Анчелоти во составот направи неколку замени во однос на оној со кој играше во Суперкупот против Ајнтрахт.
Камавинга и Чуамени беа стартери, а Касемиро и Модриќ на клупата за резерви, од првата минута играше и Ридигер на местото од Алаба.
Но, на Реал Мадрид не му одеше, Алмерија поведе со 1-0. Веднаш во вториот дел влезе Модриж место Камавинга, а потоа во игра беше ставен и Азар место Чуамени. По што кралскиот клуб изедначи преку Васкез, а во 75. минута влезе и Алаба кој погоди за 2-1.
„Камавинга и Чуамени не го покажаа квалитетот кој го гледам од нив на тренинг, но тоа е нормално, овој дрес е многу тежок“, изјави Анчелоти по мечот.
„Од тоа што го покажуваат младите играчи на тренингот, заслужуваат да играат. Но на емоционално ниво, мечот е малку тежок за нив“.
„Задоволен сум од натпреварот иако тој не беше спектакуларен“.
„Ридигер одигра одличен меч, тој има многу искуство“.