Аморим: Уште ништо не е готово, не ја разбирам еуфоријата!

by riste
1 минути читање

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Едуардо Аморим вели дека работата не е завршена иако го победија Атлетик Билбао на негов терен со 3-0.

Многумина веќе го запишаа Јунајтед дека е финалист во Лига Европа, но така не смета Аморим.

„Уште не е готово и не ја разбирам оваа еуфорија додека ни пласманот во финалето уште не сме го обезбедиле. Тоа себеси не смееме да си го дозволиме повеќе бидејќи она што го направивме ние на првиот натпревар, можат и тие во реваншот“, рече Аморим.

Реваншот се игра во четврток на Олд Трафорд, а интересно ако Јунајтед ги исполни очекувањата и се пласира во финале, повторно ќе оди на Сан Мамес бидејќи во Билбао се игра финалето од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани