Манчестер Јунајтед ќе се судри со Тотнем во борбата за трофејот во Лигата на Европа. За двете екипи ова е шанса да се спаси сезоната, бидејќи пласманот во Премиер лигата е катастрофален.
Победа во финалето ќе значи пласман во Лигата на шампионите, а тоа го знаат во таборот на двата тима. Рубен Аморим на прес-конференцијата пред мечот зборуваше за финалето.
„Добро е што сите сакаат да играат во финалето, освен Де Лихт сите конкурираат за место во тимот. Трофејот во Лигата на Европа не може да ни ја спаси сезоната, но може да ни ја подобри иднината. За да ги задржиме ѕвездите мора да играме во Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед е бренд и местото му е во елитата. Против Атлетик игравме максимално, а потоа се штедевме за ова финале. Имавме доста време да се подготвиме“, изјави Аморим.
Мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Тотнем се игра на „Сан Мамеш“ во Билбао вечерва во 21:00.