Aморим: Ова е моја најголема победа со Манчестер јунајтед!

by Стефан
1 минути читање
Аморим

Манчестер Јунајтед денеска оствари голема победа против Ливерпул во дербито на колото со 2-1, а Рубен Аморм не го криеше задоволството.

Стратегот на „црвените ѓаволи“ истакна ова е неговата најголема победа откако го предводи гигантот од „Олд Трафорд“.

„Мислам дека ова е мојата најголема победа откако сум во Манчестер јунајтед. Денеска значи многу, но веќе утре нема да биде толку важно. На крајот, тоа се само три бода и една добра победа,“ изјави Португалецот по натпреварот.

„Бевме борбени, се боревме за секоја топка. Во второто полувреме малку ја изгубивме концентрацијата, но духот беше присутен, а тоа е најважното. Кога имате дух, можете да победите. Беше убав ден, но сега веќе мислам на следниот меч со Брајтон. Ќе уживам кратко, но фокусот мора да остане на она што следува,“ додаде Аморим.

Тренерот откри дека тимот добро знаел колку овој натпревар е значаен и дека работеле на деталите кои можеле да направат разлика.

„Знаевме колку овој меч е важен, колку ќе значат прекините и фактот што сега имаме повеќе искуство од почетокот на сезоната. Кога играте во ваква атмосфера и успеете добро да се организирате во одбраната, тогаш чувствувате дека тимот оди во вистинка насока“, додаде стратегот на Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×