Аморим оптимист: Целта е да ја освоиме Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Манчестер јунајтед никако да дочека денови со подобри резултати, а на клубот не му оди ниту со Португалецот Аморим на клупата.

И покрај ситуацијата во која се наоѓа гигантот од „Олд Трафорд“, Аморим верува дека тимот до 2028 година може да ја освои Премиер лигата.

„Да, зборуваме за тоа. Нашата цел е да ја освоиме Премиер лигата и верувам дека можеме да ги промениме работите во наредните неколку години“, изјави Аморим.

Но, иако зборуваше и за освојување на Премиер лигата португалскиот стратег е свесен дека позицијата во која се во овој момент е тешка.

„Во овој момент сме во тешка позиција, но мораме да сфатиме дека работиме секој ден со мали чекори“, истакна стратегот на „црвените ѓаволи“.

На табелата во најсилната англиска конкуренција, Манчестер јунајтед е 13-ти со само 29 бодови што разочарувачки во споредба со амбициите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани