Aморим направи споредба со авионска несреќа, па мораше да се извинува (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Португалецот и тренер на Милан, Рубен Аморим, се најде во непријатна ситуација за време на прес-конференцијата пред денешниот натпревар меѓу Милан и Лацио.

Додека објаснуваше дека неговиот тим треба да учи од грешките и неуспесите, тој направи споредба со авионска несреќа.

„Мислам дека треба да напредуваме на секој тренинг. Очекувам моите играчи да го разберат тоа. Тоа е како кога имате авионска несреќа, од тоа нешто учите“, изјави Аморим вчера, на 11 септември, на 25-годишнината од терористичкиот напад во САД. Аморим веднаш сфатил дека споредбата не била соодветна, па подоцна се поправил.

„Не е добра споредба, разбирате што сакам да кажам. Кога ќе се случи нешто лошо, собираме многу информации и ги применуваме на тренинзите“, додаде тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×