Според последните информации, во Манчестер јунајтед донеле одлука да не сметаат на: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласија кои наводно веќе биле известени дека можат да бараат нов клуб.
Како што се пишува во клубот сметаат дека најдоброто решение за сите петмина е да ја променат средината, па така нема да бидат ниту во плановите за тимските тренинзи.
Сепак, тие ќе можат да го користат тренинг-центарот со цел да останат во форма до пронаоѓањето на нов ангажман.
Кога е Рашфорд во прашање кој се врати од позајмица од Астон вила неговиот број „10“ ќе го преземе новото засилување, Матеус Куња за кого гигантот од „Олд Трафорд“ издвои сума од околу 70 милиони евра.
Од останатите Гарначо се поврзуваше со Наполи, но ситуацијата ја следат Челси и Тотнем. За Санчо како можна опција се споменувааше Јувентус, Челси веќе плати пет милиони евра за да не го реализира откупот на договорот вреден 25 милиони евра. Со Јувентус проблем е платата од 275.000 евра неделно која „старата дама“ не може да му ја обезбеди.
Антони зад себе има добра сезона во Реал Бетис каде што беше позајмен и шпанскиот клуб сака да го задржи, меѓутоа мора да се договори со Јунајтед околу цената. Малассија исто така се враќа од позајмицата во ПСВ, Холанѓаните имаа можност да го откупат неговиот договрза осум милиони евра, но не го направија тоа.