Американски и мексикански клуб во борба за последното место на Светското клупско првенство

by 24 фудбал
1 минути читање

ФИФА потврди дека Лос Анџелес и мексиканската Клуб Америка ќе се соочат во плеј-ин натпревар за пласман на Светското клупско првенство.

Дуелот е закажан за 31 мај во 19:30 часот по локално време, што значи дека ќе се игра на 1 јуни во 4:30 часот изутрина по македонско време, на теренот на ЛАФЦ во Лос Анџелес.

Плеј-инот се игра поради тоа што тимот на Леон беше исфрлен од ФИФА поради конфликт на интереси – истиот сопственик ги поседува и Леон и Пачука, па со тоа се ослободи едно место за Мундијалот.

Победникот од овој натпревар ќе биде дел од групата Д, каде веќе се наоѓаат Фламенго (Бразил), Есперанс (Тунис) и Челси (Англија).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани