211
Избраничките на македонскиот стручњак, Влатко Андоновски кој е селектор на САД, запишаа уште еден трофеј во нивната историја.
Тие во финалето ја совладаа селекцијата на Канада со 1-0 со гол на Алекс Морган од пенал во 77. минута од натпреварот.
На турнирот во Мексико учествуваа осум репрезентации од Северна Америка, Средна Америка и Карибите.
Покрај трофејот, овој успех за САД значи и директен пласаман на Олимписките игри во Париз, и место на Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.