Милан неодамна
премина во рацете на „Редбрд“, фондот плати околу 1,2 милијарди евра за да
стане нов газда на клубот од Сан Сиро.
Со промената на
сопственоста се најавуваа големи измени и на тимот, неколку звучни имиња веднаш беа ставени
на радарот на Милан.
Сепак, „росонерите“ во
моментов се мачат да ги реализира трансферите на играчи со кои се имаат договорено
од поодамна (Ренато Санчез и Свен Ботман) и ризикуваат други клубови да им ги
украдат.
Причина за ова е
тоа што „Редбрд“ нема да обезбедат екстра кеш за засилувања, одредени извори
пишуваат дека трансфер буџетот ќе биде 60 милиони евра, додека пак Ил Џорнале и
Скај Спорт Италија пренесуваат за уште помала сума односно 45-50 милиони евра.
Се говори дека
токму ова е една од причините зошто се уште не е продолжен договорот на Паоло
Малдини, кој смета дека со ваква сума нема шанси да ги реализира замислите и
значително да го подобри тимот.
Трансфер буџетот
може да се зголеми со прибирање на пари преку продажба на играчи, па останува
да се види кое име ќе биде жртвувано.