Алвеш проговори за заминувањето од Барса: И одржав лекција на управата!

by
2 минути читање

Бразилецот
минатото лето реши да ја активира клузулата во неговиот договор која му
овозможува предвреме да ја прекине соработката и како слободен играч се пресели
во Јувентус.

„Сакам да знам
дека сум му потребен на клубот
– вели Дани Алвеш. „Ако некој не ме сака, заминувам.

„Заминувањето од
Камп Ноу како слободен играч беше класичен удар, им одржав голема лекција“.

„Во последните
три сезони во Барселона, постојано слушав дека заминувам, но никој од лидерите
на клубот никогаш ништо не ми кажаа
.

„Тие беа лицемерни
и неблагодарни. Не ме почитуваа
.

„Ми понудија нов
договор само откако пристигна забраната за трансфери од ФИФА. Па решив да ја
прифатам нивната игра и потпишав договор со клаузула за предвремен раскин
.

„Луѓето што
денеска ја водат Барса не знаат да ги ценат играчите
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани