Поранешниот десен бек на „каталонците“, Дани Алвеш вели дека ја разбира желбата на Лео Меси да го напушти Камп Ноу. Кога дознал за намерата на Аргентинецот да замине, веднаш му пишал и го прашал во кој клуб ќе му биде подобар од Барселона, но не добил одговор.
„Видете, Меси е голем колку и грбот на Барса. Но кога ќе погледнете околу себе и ќе видите дека се е катастрофа, нормално е да посакате да си одите. Она што го има направено за клубот е толку значајно што треба да го стават неговото име на стадионот. Кога дознав дека сака да си оди, му испратив порака. Кога Барса сакаше да ме набрка, разговарав со него на еден тренинг и му кажав дека заминувам. Ме рече, „Немој да си одиш, во кој друг клуб ќе ти биде подобро од Барселона?“. Сега му ја повторив оваа фраза. За жал не ми одговори, но знам дека ја прочита пораката“ – вели Бразилецот.