329
Новиот напаѓач на Милан, Алваро Мората утрово соопшти дека се разделува со сопругата Аличе Кампело, со која стапи во брак во 2017 година.
Ова лето беше полн погодок за Алваро Мората на фудбалски план, напаѓачот како капитен на Шпанија го подигна трофејот на Европското првенство, а потоа направи и трансфер во Милан.
Но веднаш пристигнаа проблеми на приватен план, Алваро Мората утрово соопшти дека се разделува со сопругата Аличе Кампело.
Алваро Мората и Аличе Кампело се запознаа во 2016, кога фудбалерот настапуваше за Јувентус, во 2017 стапија во брак на церамнија во Венеција.
Од бракот имаат четири деца, близнаците Леонардо и Алесандро родени во 2018, Едоардо роден во 2020 и Бела родена во 2023 година.