95
Маркос Алонсо веќе одамна ги има договорено личните услови со Барселона, а и каталонскиот клуб има начелен договор со Челси, па тоа не е никаков проблем за реализација на трансферот.
Но, левиот бек ќе треба да почека додека Барселона да ги регистрира засилувањата со кои потпиша во меѓувреме.
Клубот сака тоа да го направи што е можно побрзо, пред почетокот на новата сезона која стартува престојниот викенд, но нејасно е дали ќе стигне дотогаш да ги избалансира сметките.
Алонсо треба да потпише со Барселона до 2024 година со опција за уште една дополнителна сезона.