Алонсо постигна гол и имаше емотивна прослава, Барса и Јунајтед одиграа возбудливо реми (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона и
Манчестер јунајтед делува како натпревар од Лигата на шампиони, но двата
гиганта се борат за продолжување на настапот во Лига Европа. Првиот натпревар
заврши 2-2, реваншот на Олд Трафорд ќе го даде патникот во осминафинале.

По прво полувреме
без голови, резултатот беше отворен по пет минути игра во продолжението, Алонсо
погоди и имаше емотивна прослава, погледна кон небото и голот го посвети на
неговиот татко, кој почина минатата недела.

Манчестер
јунајтед веднаш се врати во игра, Рашфорд успеа да го матира Тер Штеген на
поблиската статива за 1-1 во 53. минута. „Ѓаволите“ потоа го свртеа резултатот
во своја корист, Кунде си постигна автогол за 1-2 по еден час игра.

Сепак, Барселона
одговори, Рафиња во 76. минута изедначи на 2-2 откако упати една топка во
петерецот која никој не ја закачи и заврши во мрежата.

На останатите
натпревари од 18:45 часот во Лига Европа, Шахтар со 2-1 го совлада Рен,
Салцбург со 1-0 славеше против Рома а Ајакс и Унион Берлин одиграа натпревар
без голови.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани