Алонсо како никој друг во Мадрид: Користи дронови на тренинзите (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Чаби Алонсо, кој летово седна на клупата на Реал Мадрид веќе започна да воведува иновации во работата со „кралевите“.

Шпанскиот стратег воведе иновација која досега не ја користел ниту тој самиот – дронови на тренинзите. Со нивна помош, Алонсо добива поширока и подетална слика за движењето на фудбалерите и тактичките поставености, што му овозможува прецизни анализи во тренажниот процес.

Во Баер Леверкузен, каде што ја изгради својата репутација како модерен тренер, се служеше со камери, но ова е првпат да вклучи и дрон-технологија во својата работа.

Овој пристап претставува новост и за фудбалерите на Реал Мадрид, бидејќи досегашниот тренер Карло Анчелоти не применуваше вакви методи. Очигледно е дека Алонсо не само што носи нова енергија, туку и свеж пристап кој може да го промени начинот на кој клубот се подготвува за предизвиците што следуваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×