Алонсо е среќен во Леверкузен, но не ја отфрли можноста да стане наследник на Клоп во Ливерпул!

by
1 минути читање

Шпанскиот стратег кој како фудбалер играше за Ливерпул, е вистински хит оваа сезона, тој е единствениот кој нема пораз досега и во моментов е лидер во Бундеслигата со Баер Леверкузен.

„Шпекулациите се нормални, мојот фокус е тука, на Баер Леверкузен. Многу сум среќен во Леверкузен со играчите во моментов“, вели Чаби Алонсо.

„Големо изненадување за мене е заминувањето на Клоп, поради тоа што Јирген го направи во Ливерпул имам голема почит за него“.

Алонсо беше запрашан дали може да отфрли дека ќе биде тренер на Ливерпул од следната сезона.

„Искрено… немам директен одговор на тоа прашање. Сега сум среќен тука, тоа е сигурно и единствено размислувам за Леверкузен“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×