Алонсо донел одлука за својата иднина, познат е и неговиот нов клуб

by riste
1 минути читање

Чаби Алонсо решил да ја смени клупската средина и од јуни да почне ново поглавје во својата кариера, во наредните денови ќе го извести Баер Леверкузен за својата одлука.

Според шпанските медиуми, Алонсо одлучи да ја прифати понудата од Реал Мадрид и да стане нов тренер на кралскиот клуб.

Во наредните неколку денови тој ќе се сретне со челниците на Баер Леверкузен и ќе ги информира за својата одлука.

Преговорите со Реал Мадрид се во завршна фаза, речиси сите детали се испеглани и наскоро се очекува да падне и официјален договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани