Алкантара веќе ги договорил личните услови со Ливерпул

by
1 минути читање

Тијаго Алкантара
наводно ги договорил личните услови со Ливерпул, па така сега останува да се
договорат англискиот и германскиот првак Баерн Минхен околу висината на
обештетувањето за фудбалерот кој моментално е на одмор во Барселона.

Се верува дека 29
годишниот фудбалер од средниот ред очајно посакува да се приклучи на составот
на Јирген Клоп, а „Билд“ наведе дека сега преостанува да се договорат обата
клуба, откако Алкантара веќе ги договорил условите со Ливерпул.

Како и да е,
весникот додава дека Баерн Минхен нема да попушти во никој случај понуда помала
од 30 милиони евра за Тијаго чиј договор со германскиот првак истекува идното
лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×