Алиоски за соиграч добива уште една поранешна ѕвезда на Ливерпул?!

by
1 минути читање

Роберто Фирмино е
последното име кое реши да ја замени Европа со Саудиска Арабија, напаѓачот
денеска потпиша за Ал Ахли.

Клубот од Џеда
има амбициозен план, односно да го спои Бразилецот со уште еден поранешен фудбалер од
Ливерпул, па почнал да опипува терен за ангажман и на Садио Мане.

Сенегалецот има
неизвесна иднина во Минхен, се почесто се говори дека ќе замине од Баерн ова
лето, па неколку клубови од Саудиска Арабија сакаат да го искористат ова.

Се шпекулира деак
Ал Ахли веќе му понудил богат тригодишен договор на напаѓачот и наскоро ќе
отворат преговори со „баварците“.

Нашиот Езгјан
Алиоски е под договор со Ал Ахли и ќе се врати во клубот откако Фенербахче одби
позајмицата да ја претвори во перманентен трансфер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани