Лидс со 5-2 го победи Њукасл, а еден од стрелците беше нашиот Езгјан Алиоски. Тимот на Биелса има специфичен стил на игра, поразличен од другите, играчите често ги менуваат позиците, имаат одлична трнасформација од одбрана во напад и сето тоа функционира.
„Секогаш е добро после победа, ова беше важно за нас, за моралот и мотивацијата на тимскиот дух“, вели Алиоски по мечот.
„Никогаш не се предаваме, секогаш веруваме и знаеме дека со овој стил на игра успехот ќе дојде, треба само да продолжиме да работиме напорно и ќе можеме да бидеме среќни“.
„Ни се допаѓа како играме, уживаме во секој натпревар дури и понекогаш кога сме тажни по загубен меч“.
„Се обидуваме секогаш да го извадиме максимумот од натпреварите, понекогаш резултатите не се такви какви што сакаме, но секогаш гледаме кон следниот натпревар и веруваме, знаеме колку сме силни како тим и дека успехот ќе дојде“.
„Убаво е да се види дека постигнавме пет голови и тоа од различни играчи, среќен сум за секој што даде гол“.
„Транзицијата од одбрана во напад беше прекрасна и влегувањето на играчите во шеснаесетникот, не е важно кој постигнал гол, се работи за тоа колку брзо се трансформираме од одбрана во можност да постигнеме гол, го заслуживме овој резултат“.
Во следното коло Лидс му гостува на својот историски најголем ривал Манчестер јунајтед.
„Немаме време за одмор, треба да се опоравиме брзо што е важно. Ќе го анализираме овој меч и ќе се насочиме кон мечот кој ќе го играме. Треба да работиме напорно и да одиме на победа“.