212
Езгјан Алиоски
минатото лето го напушти Лидс откако не успеа да пронајде согласност со
раководството на клубот за продолжување на соработката. Македонецот се реши за
печалба во Саудиска Арабија, но неговата авантура заврши по само 12 месеци, Ал
Ахли неочекувана испадна во втора лига и тој доби раскин на договорот.
Неколку клубови
пројавуваат интерес за неговите услуги, а во последно време се говори за
сензационален трансфер и враќање во Лидс.
Жуниор Фирпо е
единствениот лев бек, па голем дел од навивачите сакаат да го видат Езгјан
Алиоски во белиот дрес.
Сепак, новинарот
Грахам Смит вели дека во моментов нема преговори помеѓу Лидс и Езгјан Алиоски.