Македонецот ги одработува последните шест месеци од договорот со Лидс и слободно може да преговара со други клубови. Оваа недела се појавија гласини дека тој се договорил со Галатасарај да се пресели во Истанбул како слободен играч по крајот на сезоната.
Во разговор со БиБиСи, Езгјан Алиоски директно не ги прокоментира ваквите шпекулации но рече дека е задоволен од престојот во Лидс и можноста да игра против најдобрите играчи во светот.
„Ми се допаѓа тука, да играм во овој тим, стилот на игра ни е прекрасен и се подобрувам секој ден. Секој ден учам нешто ново, и најдоборото нешто од настапот во Премиерлигата е тоа што играте против тимови кои во своите редови ги имаат најдобрите играчи во Европа“ – вели Алиоски.
„Убаво е тоа што можете да се надигрувате со нив, да им покажете колку можете, колку знаете“.
Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Лидс не губи надеж и верува дека ќе го задржи Македонецот.