110
Репрезентацијата на Белгија во 27-та минута од натпреварот стигнува до предност на арената во Скопје и тоа само некоја минута откако Алиоски промаши празен гол пред голот на Селс.
Прво Елмас имаше одлична прилика во која со удар од далечина ја погоди стативата од голот на Белгија, а одбиената топка дојде до Алиоски кој не реализираше празен гол и погоди уште една статива.
Многу брзо, Белгија на спротивната страна казни со голот на Де Кјупер.