Од англиската
Премиерлига и официјално го објавија распоредот на сите 38 рунди натпревари за
новата сезона, а ланскиот освојувач на титулата, Ливерпул, во првото коло на
домашен терен ќе се сретне со Лидс, каде настапува нашиот репрезентативец
Езгјан Алиоски.
Од останатите
средби, дерби на колото е дуелот помеѓу Тотнем и Евертон, а одложени се две
пресметки, и тоа Барнли – Манчестер јунајтед, како и Манчестер Сити – Астон Вила,
од причина што двата фаворита останаа нешто повеќе во европските купови, па
периодот се „коси“ со претходно договореното во Премиерлигата да сите клубови
имаат 30 денови одмор до првиот меч од новата сезона.

Од тоа што можеме
да го забележиме во однос на дерби пресметките, веќе во второто коло (19.
септември) ќе проследиме големо дерби во кое силите ќе ги одмерат Челси и
Ливерпул, а дека шампионот има малку тежок распоред во воведните кола, доволно
говори дека веќе во третото на домашен терен игра против Арсенал, коло во кое
дерби ќе биде пресметката помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем.
Лидс и нашиот
Алиоски ги чека бурен распоред во воведните кола, како што веќе наведовме, во
првото гостуваат кај шампионот Ливерпул, во второто на домашен терен играат
против Фулам, потоа гостуваат кај Шефилд Јунајтед, за веќе во четвртото коло на домашен терен да го пречекаат ланскиот вицепрвак Манчестер Сити.